Пред повеќе од 30 години, Нада Топчагиќ се сликаше топлес заедно со Сузана Манчиќ, кога летувале на Црногорското приморје. Фотографијата таа деновиве ја објави на својот Инстаграм профил, а како што вели, немала поим дека таа ќе предизвика толку голем интерес во јавноста.
Пејачката гостуваше во „Ами Џи“ шоуто кај Огњен Амиџиќ, каде Сузана Манчиќ исто така требаше да биде со неа во студиото. Сепак, таа во последен момент се јавила дека не може да пристигне, бидејќи наводно била заглавена некаде во Босна, зашто нејзиниот автомобил божем и се расипал.
„Многу ме разочара. Ако не дојде само заради мене и ако ме обвинува што ја објавив фотографијата, тогаш требаше да ми каже. Иако, не знам зошто би и пречело, кога на таа фотографија е убава и убави сме на неа, а таа буквално изгледа како Барби. Па Сузана се фотографираше гола за „Плејбој“ кога веќе беше стара и тоа е ОК за неа, а ова, демек не е?! Не разбирам“ – се прашува Нада и додава:
„Мојата кума Драгана почина тој ден, од коронавирусот. Бевме многу приврзани и другиот ден беше нејзиниот погреб. Плачев цел ден, но не му се јавив и не го одбив Огњен, за да го откажам своето гостување“ – рече гневната Нада.