Радио Милева музичка легенда

Објавена е последната порака на Масимо Савиќ со која сакал на сите да им го честита Божиќ

Објавена е последната порака на Масимо Савиќ со која сакал на сите да им го честита Божиќ

Објавена е последната порака на хрватскиот пејач Масимо Савиќ, кој неодамна почина на 61-годишна возраст, со која музичарот сакал на сите да им го честита Божиќ, а ја снимил три дена пред смртта.

На официјалниот инстаграм-профил на Масимо пишува:

– Уживајте во секој момент кој ви го носи овој прекрасен живот и делете добрина и разбирање со сите!’

Овие мисли се дел од последната порака која што Макс ја сними за неговата публика, три дена пред неговото заминување. Со неа сакаше да го честита Божиќ и на сите да им упати наубави желби за Новата година.

Твоите мисли, твоите зборови и твојот Глас. Драг наш Макс, сѐ твое неизмерно ни недостасува“, се вели во објавата.

„Драги луѓе, немавме сила да ја преслушаме, ниту да ја споделиме оваа емисија во која се наоѓа божиќна честитка со која нашиот Масимо за последен пат ѝ се обрати на својата публика.

„Немаме сила ни сега, но го правиме тоа што знаеме дека тој би го посакал“.

„Дел од таа порака тој би го издвоил и како новогодишна желба за сите Вас и за Вашите најдраги“, стои во објавата на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/Фејзбук

To top