Овагодинешното издание на Евровизија кое требаше да се одржи во Холандија е откажано поради пандемијата со коронавирусот, а сега е познат и новиот датум за ова музичко случување.
Имено, следната година финалето на Евровизија ќе се одржи на 22 мај во Ротердам, соопшти холандската телевизија. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 18 и 20 мај 2021 година.

Правило е учесниците да издадат нова песна за следната година, а не да се претстават со нумерата која ја подготвија за оваа година.
Потсетуваме, Васил Гарванлиев со песната „YOU“ требаше да ја претставува Македонија на Евровозија 2020.