Кога познатите ќе настапуваат во познати клубови и дискотеки, понекогаш може да бидат изложени на некои непријатни случки
Пејачката Дара Бубамара на настап во Париз беше нападната од страна на нејзин обожавател.
Јанќ Вираг, Србин кој живее Париз откри детали за инцидентот.
За среќа, обезбедувањето успеа да го спречи фанот кој во раката имал нож и сакал да ја нападне пејачката.
„Беше безобразен додека стоеше пред локалот. Често прашуваше кога ќе дојде Дара. Тој полуде кога му кажав дека Дара веќе е во клубот и на сила се обиде да влезе. Му реков дека може да влезе кога ќе се смири, вели Србинот кој со години работи како обезбедување во дискотеката.
Тој додаде дека фанот повторно се приближил, но овој пат го пуштил да влезе.
„Се беше во ред, тој стоеше во близина на сцената. Ја снимаше со телефон, ја знаеше секоја нејзина песна. И праќаше бакнежи и мавташе со рацете за да пејачката го види. Хаос настана кога Дара го отпеа првиот блок на песни и тргна да оди на пауза. Фанот тргна по пејачката, а јас по него. За среќа, го фатив за рака и тогаш првпат видов дека има нож. Го турнав на подот, го избркав од локалот и викнав полиција, вели Јанќ.