Радио Милева „несреќен случај“

Обдукцијата ја откри причината за смртта на 19-годишниот внук на Роберт де Ниро, а со тоа следеше и апсење

Обдукцијата ја откри причината за смртта на 19-годишниот внук на Роберт де Ниро, а со тоа следеше и апсење

Славниот актер Роберт де Ниро неодамна го изгуби својот 19 годишен вкук, а сега о странските медиуми осамнаа информациите од обдукцијата која ја покажа причината за смртта на младото момче.

Младиот Леандро починал од комбинација на недозволени дроги, изјави њујоршкиот медицински вештак за „Пејџ сикс“. Според резултатите од аутопсијата, Леандро во моментот на неговата смрт во својот организам имал фентанил, бромазолам, алпразолам, 7-аминоклоназепам, кетамин и кокаин.

Неговата смрт се води како „несреќен случај“.

Девојката, која е уапсена под сомнение дека е директно поврзана со неговата смрт, наводно го предупредила тинејџерот што се апчињата кога му ги продала.

За потсетување, Леандро де Ниро Родригез почина на почетокот на јули.

„Длабоко сум тажен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Ги цениме сите изрази на сочувство. Бараме приватност додека тагуваме поради загубата на Лео“, изјави тогаш Роберт де Ниро за „Пејџ сикс“ по смртта на својот внук.

фото: Eudardo Munoz/ Reuters/Instagram/EPA Images

To top