Куќата на Немања Гудеља во Севиља е модерна и луксузна.
Немања Гудељ живее во Севиља од 2019 година, кога потпиша договор за локалниот фудбалски клуб. И покрај обврските, тој го користи секој слободен момент да одлета за Белград за да се види со семејството, а пред се со својата девојка Анастасија Ражнатовиќ.
Но, младата пејачка оди и на југот на Шпанија секогаш кога ќе добие шанса. Деновиве му прави друштво на фудбалерот кој не може премногу да се оддалечи од остатокот од тимот бидејќи сезоната е во тек. Како што можеме да видиме на нејзиниот Инстаграм, Немања живее во мирен и елитен дел од градот, каде на располагање има вила со базен.
А како Анастасија го поминува времето кога ќе се најде во сончевиот град? Тогаш беше 18ºC, што е сосема пристојна температура за лежерна прошетка низ соседството со домашно милениче, како што откри таа во приказната.
Анастасија не се откажува ниту од здравите навики, па најчесто на менито има свежа салата, совршена закуска додека ги гледате омилените серии како „Очајни домаќинки“.
Па, додека Немања е на тренинг, неговата девојка има со што да се забавува…
фото:Инстаграм принтсктин