Радио Милева

Новото момче на Соња Вуксановиќ: „Аца Лукас може да ни пее на свадба“

Новото момче на Соња Вуксановиќ: „Аца Лукас може да ни пее на свадба“

Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, го освои срцето на милионерот од Турција, Озкан Шен, кој е популарен пејач и хуманитарец, позирајќи како „Мистер Џејд“.

Озкан веќе два месеци ужива во љубовта со Вуксановиќ. Парот се сретнал на некој настан случајно, а тој сега изјави дека за првпат може ќе заплови во брачните води и тоа со Соња.

“Соња е прекрасна и јас имам сериозни планови со неа. Можеби таа е мојата идна сопруга. Полека, ќе видите. Таа е разведена, јас сум слободен и не гледам никаква пречка во тоа”, изјави тој за српски Курир.

фото:дамир дервишагиќ/принтскрин

Озкан исто така изјави дека не е загрижен за минатото на Соња и не знае дека била во брак со Жељко Сашиќ и Аца Лукас, но дека ги запознал нејзините ќерки.

“Гледам дека е симпатичен човек. Верувам дека е професионалец. Не би имал ништо против да пее на нашата свадба. Не би не споредувал”, рече тој за Лукас, откривајќи дека никогаш не слушнал за Карлеуша, иако за неа се пишуваше во турските медиуми.

„Не, немам претстава која е таа жена. Само ме интересира Соња“, рече Озкан.

Поврзани теми

To top