Новото момче на Анастасија Ражнатовиќ е српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ кој во моментов игра за шпанскиот прволигаш Севиља.
Но, она што медиумите го открија а е интересно, е тоа дека Анастасија не е првата пејачка со која Гудељ имал шанса да биде во љубовна романса. Пред Ражнатовиќ, тој бил во подолга врска со пејачката Сања Вучиќ, членка на популарните „Ураганки“.
За ова сведочи и фотографијата на која Сања му го честита роденденот на својот сакан на Инстаграм, седнати во едно сепаре, со нејзината рака во пределот на меѓуножјето на фудбалерот!
Таа не признаваше дека се заедно, но подоцна ја извести јавноста дека нејзиното момче е успешен фудбалер, кој е дел и од репрезентацијата на Србија. Па на сите им стана јасно за кого се работи и во каква релација се двајцата.
Но, откако „ураганот ја оддува љубовната бура“, по оваа авантура, секој замина на своја страна. Сега е очигледно дека на Гудељ пејачките му се „пасија“. па на ред дојде и Анастасија!
Фото: Инстаграм принтскрин/sanjalilwolf/nemanjagudelj