Радио Милева прва заедничка

Новогодишна семејна честитка од Даниел Кајмакоски: Го смислија секој детаљ и седнаа пред елката, а бебето ќе ве стопи (фото)

Новогодишна семејна честитка од Даниел Кајмакоски: Го смислија секој детаљ и седнаа пред елката, а бебето ќе ве стопи (фото)

За Даниел Кајмакоски 2023 година беше од убава – поубава. Се заљуби, се ожени, си ја здоми невестата, а неколу месеци подоцна си доби и синче, од убаво поубаво.

Сега откако ја дочекавме Новата 2024 како што е ред се’ она што прво ни дојде на мисла го кажавме непосредно пред саканите и блиските, а за останатите, честитката најчесто е вируелна.

Kајмакоски за сите свои следбеници и фанови го направи она втортото и напиша:

„Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум. Сите ваши проблеми нека исчезнат за Новата година да ја дочекате во љубов и хармонија“, напиша Даниел Кајмакоски и објави празнични фотки со сопругата и синот.

А својата семејна љубовна хармонија ја покажа преку неколку празнични фотографии.

Со смислија секој детаљ, особено облеката во празничен новогодишен принт, а потоа се наместија за совршениот кадар, всушност неколку.

Во фокус од крајниот резултат е бебето Стефан кој едноставо е неодолив позер што ќе ве стопи на прв поглед!

За потсетување, Даниел Кајмакоски заедно со сопругата Марина и наследникот Стефан живее во Белград.

фото:Instagram printskrin/ daniel_kajmakoski

To top