Претходната година, Харис Џиновиќ купи имот во близина на стадионот „Графичар“ каде што ќе гради куќа вредна два милиони долари.
На тоа место се наоѓаше куќа која Харис не сакаше да ја реновира туку истата ја уништи и започна од почеток да го гради својот нов дом.
Соседите на популарниот пејач се среќни што Харис ќе им биде сосед.
„Да, да тоа е зградата на Харис, а на крајот од улицата од лева страна се наоѓа и имотот. Изгледа до пола е завршена работата. И пејачот често доаѓа да ја надгледува работата. Тука е и чуварот кој цело време го чува материјалот. Слушнавме дека и Харис сакал да учествува во изградбата на секој дел од домот“, вели сосед на пејачот.
Како што пренесуваат медиумите семејството Џиновиќ ќе се всели во новиот дом на пролет следната година.