Радио Милева
„старо мајсториште“?

Новинарот и водител на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ се пофали дека е „алфа и омега“ и за по дома: E aj сега… „не го земај за маж, ако можеш“!

Новинарот и водител на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ се пофали дека е „алфа и омега“ и за по дома: E aj сега… „не го земај за маж, ако можеш“!

Него го гледате секоја вечер на телевизија… Секој работен ден, навечер на ТВ Алфа во политичкото ток шоу „Заспиј ако можеш“ … Некои  со него и неговиот колега Горан Момировски дури слатко и заспиваат, други сон не ги фаќа од нивните прозивки, трети сонуваат да бидат на нивно место… Зависи… Кој какви соништа има во животот!

Новинарот и водител на ТВ Алфа, Драган Милосављевиќ се пофали дека не го бива само за на телевизија. Симпатичниот „буцко“ деновиве на својот Фејсбук обзнани дека е „алфа и омега“ и за по дома! Добро, „домашното“ оддамна „го има напишано“, тоа е барем евидентно по најубавото семејно наследство кое го има, арно ама  во бракот освен „брачните“ има и мноштво други обврски, кои човек мора или не мора да ги исполни. Зависи кого колку и за што се’ го бива!

 

А Драган  како старо мајсториште покажа дека „го бива“ ако не друго, барем да смени рачка на фрижидерот! Оти тешко се купува  нов  со новинарска плата, а и чувството по мајсторлукот е  како да си сменил цевка на платформа за нафта! И не само тоа, зашто самодовербата расте до плафон и е толку голема, што во најблиска иднина на ред се и ролетните, а и кречење на ходникот пред влезната врата. Макар поликолорот го купил и од своја плата! И ајде после да те видам „не го земај за маж, ако можеш“?

Конечно, Драган е убеден дека кога Венди (како што ја вика сопругата Весна) го зела за сопруг дечкото, исто како да и паднала премија на лото!

Па од сега може да очекува потсетување кој е и што е и по дома, со следниот стих од познатата српска турбо-фолк песна: „Што ме сада тражиш поред њих толико, где си била кад сам био нико“?

И можеби вредниот мајстор не е далеку од вистината, иако преголемата самодоверба лесно може да се одрази на нејзината доверба, ако „мајсторот“ со самобендисаноста ја претера… Па да не се пее потоа рефренот од еден друг познат српски турбо-фолк класик, кој отприлика оди вака: „Отишла си преко прага и однела дете, а ја сам сузама лепио тапете“!?

Фото: Фејсбук/Dragan Milosavljevic/Vesna Jadroska Milosavljevic

 

Останати вести од Радио Милева