Цеца Ражнатовиќ на новото снимање на „Ѕвездите на Гранд“ пристигна скоцкана тип – топ, а во таа прилика одговараше на прашањето на новинарите.
Имено, тие ја прашале како оди врската со нејзиното момче, бизнисменот Богдан Срејовиќ, а таа дала ироничен одговор и избегнала да зборува на таа тема.
„Дали со Богдан сė е океј?“, прашал новинарот.
„Ништо не е океј, катастрофа“ одговорила Цеца и заминала веднаш на снимање несакајќи да зборува на таа тема.
Инаку, Цеца и Богдан се неколку месеци во врска, а нивната романса беше обелоденета кога папараците ги уловија заедно во Белград.
фото: Masanori Jošida/Alo!