Српската актерка Неда Аренериќ која се обиде да се самоубие се чувствува подобро и оздравува во болницата во Белград.
Како што пренесуваат медиумите таа ја приме неопходната терапија, будна е,но нерасположена, поради што докторите внимаваат на неа.
“Пациентката не е во животна опасност. И понатаму ја прима неопходната терапија. Нерасположена е. Се следи нејзината здравствена состојба. Одлучивме да ја задржиме на лечење, како и интезивно вклучување на психијатар“ вели извор за еден српски портал.