Радио Милева
нови информации

Нови детали за смртоносното пукање на Болдвин: Актерот вежбал извлекување на пиштолот од футрола кога пукал во колешката

Нови детали за смртоносното пукање на Болдвин: Актерот вежбал извлекување на пиштолот од футрола кога пукал во колешката

Актерот Алек Болдвин на снимање на серијата „Rust“ ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс (42), и го повреди ережисерот Џоел Соуза. Сега се откриени нови детали за немилиот настан.

Имено, актерот вежбал извлекување на револверот од футролата, по што го вперил пиштолот во камерата во текот на пробата на сетот на филмот  кога од оружјето се пукало и куршумот ја погодил камерманката во градите“, се наведува во писмениот исказ за судот.

Таа изјава под заклетва дава дополнителни детали за случајното пукање кое во четвртокот се случи во Њу Мексико и кога беше убиена 42-годишната Халина Хачинс, а ранет режисерот Џоел Соуза, пренесува „Ројтерс“.

На Болдвин му бил даден сценски пиштол и му било кажано дека не  е наполнет, наведуваат властите на Санта Феа во судските документи.

„Џоел изјави дека Алек седел на клупата на снимањето на сцената во импровизираната црква и дека вежбал накрсно извлекување на пиштолот. Џоел додал дека  актерот гледал преку рамото на Хачинс кога чул звук на удар, а потоа и гласно пукање“, се наведува во изјавата.

Во судските документи се наведува дека Халина била погодена во пределот на градите.

„Џоел тогаш нејасно се сеќава дека Хачинс се жалела на стомакот и како се фатила за неговиот среден дел. Исто така Џоел изјави дека Хачинс почнала да се тетерави наназад и потоа паднала на земја“, стои во изјавата.

„Халина само кажа дека не ги чувствува нозете“, изјави Рид Расел, камерманот кој стоел покрај неа за време на пукањето.

Болдвин во саботата бил фотографиран пред хотелот во Санта Феа како се прегрнува и разговара со Мет Хачинс, сопругот на починатата и нивниот деветгодишен син.

Никој не е обвинет за фаталниот инцидент кој во четвртокот се случи во текот на пробата на ранчот во близина на Санта Феа, додека пак канцеларијата на шерифот ја продолжува истрагата.

Серж, главниот електричар ангажиран на снимањето на филмот, во објава на Фејсбук наведе дека ја држел Хачинс за рацете додека таа умирала, а за нејзината смрт ги обвини „невниманието и непрофесионализмот“.

фото: Profimedia/Mark Sagliocco / Getty images/Таnjug ap

Останати вести од Радио Милева