Радио Милева
трагедија

Нови детали за случајот на Болдвин: Помошник режисерот призна – „Не проверив дали куршумите се вистински“

Нови детали за случајот на Болдвин: Помошник режисерот призна – „Не проверив дали куршумите се вистински“

Актерот Алек Болдвин уби кармеманка Халина Хачинс  и го рани режисерот Џоел Соуза. на сет за филмот „Rast“, а сега е откриено што кажал помшниот режисер на полицијата.

Како што пренесуваат странските медиуми, помошник режисерот Дејв Холс во прекршочниот суд во Сaнта Фе изјавил дека пред пробата, оружарката на филмот Хана му го покажала пиштолот кој подоцна го користел Болдвин и дека во него видел три куршуми.

-Проверувам дали цевката има пречка, во најмногу случаи нема боева муниција во неа, изјавил Холс пред истражителите.

Во полиција ја опишал процедурата за безбедност со оружје на снимање, истакнувајќи дека оружарката Хана на снимањето го „отвора отворот и го врти буренцето“, а тој вели „студен пиштол на снимање“.

Холс рекол дека по смртносното пукање, и го однел пиштолот на Хана кој потоа и го отворил. Рекол дека видел само четири лажни куршуми, од кои сите имале карактеристичка дупка од страна и еден без дупка.

Рекол дека не проверил дали сите куршуми во цевката од пиштолот биле лажни. Помошник режисерот изјавил дека инцидентот „не бил намеречен чин“

Според судските документи, Холс знаел дека треба да ги провери сите куршуми, но тоа не го направил.

фото: Профимедиа/епа/јохн г мабангло

Останати вести од Радио Милева