Радио Милева

Нови детали: Возачот кој ја предизвика сообраќајката во која почина Шабан бил и под дејство на дрога

Нови детали: Возачот кој ја предизвика сообраќајката во која почина Шабан бил и под дејство на дрога

Турчинот Алсин Левент(35) кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина пејачот Шабан Шаулиќ (67) и Мирсад Кериќ (47), во моментот освен што бил пијан, истраграта утврдила и дека бил под дејство на марихуана.

Алсин  е во истражниот затвор, а според наводите на државното обвинителство во германскиот град Билефелд, секој ден се чека комплетниот извештај за сообраќајката. Државниот обвинител изјавува:

-Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола, вели обвинителот за новинарот кој известува за трагедијата.

Алсин, кој во моментот ја восеше „маздата“ обвинет е за убиство и по итна постапка е спроведен во истражниот затвор.

-За време на истрагата, недвосмислено е потврдено дека на 17-ти февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и дрога, вели Кристоф Макел, државниот обвинител.

To top