Милица Тодоровиќ по неколку месечна медиумска пауза повторно се појави во медиумите каде што конечно ја обелодени својата врска со актерот Петар Стругар.
Милица не криеше детали, а во емисијата и раскажа како нејзиното момче ја успеало да ја изненади пејачката во Минхен.
„Тој кога сака ме изненади, јас не можам да забележам дека подготвува нешто. Јас пеев три дена по ред, од Бања Лука заминав во Минхен, а тој ми кажа дека има часови за јавење, дека има многу обврски. Јас пристигнав во Минхен и заминав на тонска проба, а таму беа мои пријатели и ме поканија на балканот и што да видам, Петар седи и ми вели: „здраво“, јас гледав една минута, ништо не сфаќам“ раскажува Тодоровиќ.
Таа објасни дека Петар во Минхен пристигнал претходната вечер со цел да изненади својата сакана.
За потсетување, Милица и Петар започнаа да се забавуваат пред два ипол месеци, а претходно Милица ја раскина својата долгогодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.
Милица откри дека не е во контакт со Пауновиќ.