Сташа Стојановиќ, е новата пратеничка на Народното собрание на Србија, а првиот работен ден и полагањето заклетва во српското Собрание го искористи за да објави неколку селфиња и видео од собраниската клупа на Инстаграм со коментар дека официјално стана пратеник.
– Од денеска и официјално сум народна пратеничка на Република Србија – напиша Стојановиќ на Инстаграм, додавајќи:
– Само сакам да кажам дека ќе бидам најдобрата верзија од себе, ќе продолжам да се споредувам само со себе затоа што патот низ кој поминав, училиштето што го стекнав и секојдневието што го живеам верувам дека вреди и не само ова но и се што знам ме чека во иднина. Благодарноста што ја чувствувам кон луѓето кои беа тука за мене ќе ја покажам на мој начин, а тоа е лојалност и борбеност. Им благодарам на пријателите и непријателите кои ме направија тоа што сум.
View this post on Instagram
Не требаше долго Стојановиќ да стане мета на српските граѓани на Твитер кои беа шокирани, веднаш штом нејзината објава ја здогледа светлината на денот па, почнаа да се слеваат негативни коментари.
Staša Stojanović Narodni poslanik SNS-a,posle vise pokušaja da upadne u Zadrugu,upala je u skupštinu.Pored zavrsene SNS akademije nije mogla upasti u Zadrugu,ali za skupštinu joj nije potrebna ova visoka škola.
Ona će vam odrediti minimalac za ovu godinu. pic.twitter.com/rhWVqWcKiL— Nikola Vujadinović (@vujadino2) August 2, 2022
SNS poslanica,teska dijagnoza,Stasa Stojanovic.Gde mi zivimo jbt?Skupstina Srbije🤯 pic.twitter.com/B5cHGnTsCs
— Aca Marić (@AcaMaric26) August 1, 2022
– Пратеник на српското народно собрание, тешка дијагноза, Сташа Стојановиќ. Каде живееме? Собранието на Србија – е еден од коментарите.
– Сега знам дека ништо не знам. Сташа Сократ Стојановиќ.
– Еве ја. Сташа Стојановиќ, претставник на српската интелигенција. Го мразам сопствениот прекар.
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи, а имаше и крајно вулгарни, груби и навредливи.
Сташа Стојановиќ веднаш реагираше и објави коментар на тие што ја критикуваат:
– Каков пречек за првиот ден во собранието. Цела Србија пишува и зборува, како боже мој, се сликав? Сите се сликаат, снимаат, даваат изјави, одржуваат конференции а мене сакаат да ми наметнат дека фотографирањето е забрането?! Еј, видеото пред да почнам, што сакам да го имам за спомен, сакаат да ми го забранат?! Лудаци.
Видим тема сам, а тек је дан 1. 🇷🇸 Спремала сам се за све ово годинама, ко мисли да сам овде где јесам тек тако, грдно се вара. Живим за то да Србија буде још боље и лепше место за живот, живим за то да нам људи буду задовољни. И да, борићу се, најбоље и најсрчаније 🇷🇸✨ pic.twitter.com/HiFNlTHG0G
— Сташа Стојановић (@stasasns) August 1, 2022
Потоа таа уште еднаш се огласи, овојпат сакајќи да им одговори на оние кои и велат дека напишаното на пратеничката листа и она што го објавила на „приказната“ едноставно не се согласуваат.
Така на Инстаграм напиша дека е при крај со магистерските студии, додека на официјалната листа на Српската напредна партија покрај нејзиното име пишува „магистер инженер по инвестициски менаџмент“.
На посланичкој листи пишу тренутна занимања, ја сам још на мастеру инвестиционог менаџмента те сам ставила како јесте. Неко је ставио пензионер, спортиста, новинар… Молим људе да не праве теорије завере и не измишљају. Могла сам ставити и “државни службеник” да сам хтела 😊
— Сташа Стојановић (@stasasns) August 3, 2022