Радио Милева „распали“ на Фејсбук...

Новата песна „Ковид и секс“ на Сања – Барбика предизвика голема полемика, па, по коментарите на фолкерката „и пукна филмот“: „Толку ви е капацитетот да процените…“ (ФОТО)

Новата песна „Ковид и секс“ на Сања – Барбика предизвика голема полемика, па, по коментарите на фолкерката „и пукна филмот“: „Толку ви е капацитетот да процените…“ (ФОТО)

Македонската фолкерка Сања Барбика Цинцева како постојано да е во конфликт со некого?!

Пред извесно време прво ги нападна медиумите, па имаше „извесни недоразбирања“ со поедини свои колешки како што е нејзината имењачка Сања Сани Гроздановска, каде јавно падна размена на „тешки зборови“, но „војната на фолк ѕвездите“очигледно краеше кратко. Се’ се  сведе на „блиц крик конфликт“  од локален карактер на двете фолкерки, кои отакао „си земаа мерка“ набрзина „ги закопаа воение секири“, па прогласија примирје во името на чесноста, музиката и уметноста.

Сања – Барбика ги „обвини“ медиумите и јавно им се извини на колешките: „Сепак сме колешки и водиме јавен живот, не ни доликува јавно да се провоцираме и навредуваме“! (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Деновиве Барби  има нова песна. До душа таа беше една од ретките кои снимаа и работеа и за време на корона пандемијата, која е главен лајт мотив во новата музичка „тема по мерка“ на расната  струмичка фолкерка. Имено песната „Ковид и секс“ и видеото кои деновиве ги промовираше преку ноќ предизвикаа цунами од најразлични коментари и полемики.

Едни ја пофалија за храброста, други за идејата на забавен начин да ја искористи коронапандемијата, додека на трети не им се допадна ама баш ич, па прогласувајќи ја песната за шунд и кич, ја обвинија пејачката дека  се потсмева и поигрува со катастрофата која зацрни многу човечки судбини и одзеде илјадници животи.

Не можејќи веќе да ја поднесе таа пресија на наводниот „говор на омраза“ кон неа од  хејтерите, струмичката фолкерка реши  во свои раце да ја превземе работата и да ја скрои по своја мерка.

Сања – Барбика  јавно се обрати преку социјалните мрежи,  поточно на својот Фејсбук профил, прозивајќи ги оние што ја плукаат и „жалат“, а заблагодарувајќи им се на оние што ја поддржуваат и фалат:

„Почитувани хејтери,

Долго размислував на крајот одлучив да оделам малце време и за вас.Свесна бев дека незнаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.
Ама ако не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, вреѓате и понижувате, од мене простено Ви е.
На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари, да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.
Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жртвите од Ковид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малце позитива да дадеме на се околу ковид вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија!
Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!
П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам Ковид и секс“ – дословно им порача струмичката Барбика.



Некои од колегите и колешките премолчеа, а некои ја искоментраа нејзината храброст, возвраќајќи и со коментари за поддршка како Тања Блажева на пример или само со лајк како Сузана Гавазова, Душко Георгиевски, групата „Респекти“…!

Дури и познатиот Иван Исцелител не остана „покус да не искоментира, до душа со поучна кумановска поговорка за оваа пригода, која кој знае, можеби донекаде и… „држи вода“?

„Још не се родија, тј што на свите им угодија“!? – напишал „исцелителот“!

Фото: Инстаграм/Фејсбук и Јутјуб принтскрин

To top