Јасмина Стоичкова која веќе го носи епитетот на секс бомба, сега се закити и со нова круна. 23-годишната девојка од Софија е новата мис Силикон на Бугарија. Освојувачката на титулата признала за „Бугарија денес“ неколку часа откако ќе победи, дека добила сериозна „непристојна понуда“ само неколку минути по крунисувањето. Таа е категорична дека вешто успева да ги одбие дрските.
Јасмина вели дека нејзината мајка е горда на неа и нејзините достигнувања, но и дека не е во контакт со нејзиниот татко.
Силиконската мисица не била скромна и дури за време на кастинзите, наведувајќи дека нејзините силиконски гради се најдобри и тоа е причината поради која влегла во конкуренци.
Таа ја добила поканата од организаторот на изборот Маријана Маринова и без размислување ја прифатила.
View this post on Instagram
Моделот ја победи конкуренцијата од 8 силиконски девојки и беше избрана од жирито за победник.
Таа освои парична награда од 5000 лева, или околу 2.500 евра, која како што самата изјавила, ќе инвестира во себе и нови подобрувања и естетски надградби на телото.
Следното нешто што би го промениле е носот, вели сексапилната силиконска мисица.
Фото: Инстаграм принтскрин/jasminastoichkova
Извор: HotNews.bg