Инди Арадиновиќ ги „запали“ медиуми со видео од тепачка со нејзината сестра Едита Арадиновиќ, па со ненадеен развод по четири месеци брак, а сега објави слика која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Имено, самата пејачка објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а коментари пристигнаа од сите страни.
Инди држеше микрофон и пееше, а на главата и беа прикачени банкноти од различни валути.
Арадиновиќ објави и опис кој веднаш крена бура на социјалните мрежи:
– Џипси – напиша Инди во описот на фотографијата.
Веруваме дека пејачката одлично се забавувала, а и заработила, бидејќи е познато дека ромските веселби и свадби се добро платени.
Па се чини дека пејачката направила хаос на забава кај Ромите.
Индира Инди Арадиновиќ на мрежите откри дека и официјално се развела од бизнисменот од Данска, со кој се омажи пред само неколку месеци.
– Некако се опоравувам од сѐ… Не сум многу разочарана… Се сеќавате ли кога два дена по свадбата во интервјуто за „Премиер“ реков: „Па, ќе видиме дали господинот е во право…“, на прашањето дали го најдов вистинскиот господин. Мислам дека никогаш не сум добила побрз одговор…
Фото: Принтскрин/Инстгарам