Сашка Веселинов, сега Ѓоковиќ, поранешната водителка која набрзо по започнувањето на кариерата дала отказ затоа што решила да започне приватен бизнис и да се омажи за Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак Ѓоковиќ, неодамна го промени животот на својот сопруг за 180 степени.
Како што пренесуваат медиумите, Сашка ергенскиот стан на Ѓоле го претворила во деловен простор, а потоа решиле да се преселат.
Таа, неодамна го роди синот Александар, а пред раѓањето на синот во поодмината бременост, деновите ги поминувала со мајсторите со кои станот на сопругот го пренаменила во деловен простор.
Сосед на оваа млада брачна двојка открил дека пред неколку месеци решиле целосно да го урнат станот на Ѓоле во Нов Белград, кој бил луксузно наместен, за да го приспособат за деловни простории, поточно за модно студио каде Сашка ќе креира гардероба за жени и мажи, а најмногу ќе изработуваат венчаници и костуми.
– Ѓоле долго време живееше сам во тој стан, а кога почна да излегува со Сашко, таа брзо се пресели кај него. Тие се многу фини и културни, никогаш не сме имале проблеми со нив – ја започнал приказната еден од нивните соседи.
– Пред неколку месеци, како што слушнав, Сашка дошла на идеја тој стан да го претвори во луксузно модно студио, што и го одобрил нејзиниот сопруг. Иако веќе беше на крај на бременоста, таа цел ден беше со мајсторите и се трудеше ништо да не препушти на случајноста. Станот, кој инаку беше комплетно опремен и исклучително луксузен, беше урнат многу брзо. Се уриваа ѕидови, се правеше нов распоред… Па, имавме чувство дека нашиот стан ќе се урне – рече соседот на Ѓолет и Сашка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Старсспортфото