Клара Чиа Марти, девојката на Жерар Пике со која ја изневеруваше Шакира, наводно морала да побара психолошка помош откако пејачката ја прозва во новата песна, пишува „Marca“.
Шпанскиот новинар Саул Ортиз тврди дека Клара отишла во куќата на нејзините родители.
„Требаше да побегне бидејќи нејзината душевна состојба не е добра. Не е лесно да се биде 23-годишна девојка додека цела Шпанија и светот зборуваат за тебе. Полета и требаше да земе чекор за понатаму“, вели новинарот.
View this post on Instagram
Девојката на Пике била запирана на улица и ѝ ја пеат песната на Шакира и сите ја препознаваат, но таа всушност е многу тивка и срамежлива девојка, пишуваат шпанските медиуми.
Пике неодамна на Инстаграм ја објави нивната прва заедничка фотографија, која предизвика голем број негативни коментари. Многумина му кажаа како им ги уништува животите на своите деца и дека треба да се срами од себе.
View this post on Instagram
Но, се чини дека Пике и Шакира се во добри односи бидејќи фудбалерот неодамна беше виден како расположен ја напушта својата куќа откако пејачката го покани на роденденската забава на нивниот десетгодишен син Милан.
фото:Инстаграм принтскрин