Радио Милева копија

Новата девојка на Дарко Лазиќ распали по неговата бивша свршеница: „Тоа ми се детски болести“

Новата девојка на Дарко Лазиќ распали по неговата бивша свршеница: „Тоа ми се детски болести“

Мајката на Дарко Лазиќ вели дека неговата нова девојка Барбара Бобак е поубава од неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ.

Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, тврди дека свекрвата е воодушевена од нејзината убавина.

Барбара по првпат се огласи за аферата со Лазиќ и откри како ја прифатило неговото семејство.

„Се уште не ја запознав мајката  на Дарко, но го запознав неговиот брат. Слушнав дека Бранка изјавила дека сум поубава од Марина“, вели пејачката.

фото: принтскрин

Изгледа со оваа изјава таа сакала да и ја затвори устата на бившата девојка на Дарко која изјави дека Барбара личи на неа.

„Прочитав дека нејзината мајка изјавила дека сум поубава од Марина. Мене тоа не ме интеренсира, тоа се детски болести. Ако сака нешто од мене, ако има некој проблем, може многу лесно да дојде до мојот број и да ми се јави. Јас навистина не сакам да се расправам со неа преку весници. Се зборува дека ми се заканува, но јас морам да кажам дека лично не ми се обрати бидејќи не се познаваме. Не ме интеренсираа таа девојка, а секое препукување со неа преку медиумите ми е детско“, изјави новата девојка на Лазиќ.

фото: принтскрин

Инаку, тие се познаваат од 1ви мај и отогаш не се разделуваат. Како што истакна Барбара се запознале на некоја прослава, а од тој буквално се неразделни.

To top