Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов вчера во црквата Свети Марко го крстија синот на првата годишнина од бракот.
Гостите за оваа убава пригода пристигнаа од целиот свет, а целото семејство дојде од Америка. Најдобриот тенисер на светот не ја криеше среќата, а во еден момент дури и бос играше на тревата. Со него танцувала и неговата сопруга Јелена, а во еден момент им се придружила и Сашка со синот Александар кој го држела во раце додека Ѓорѓе ја сечел тортата.
На списокот на гости на крштевката се најдоа само семејството и најблиските пријатели. Амбиентот на прославата го надополнија луксузна градина и базен.
Да потсетиме, Ѓорѓе и Сашка се венчаа кон средината на септември минатата година, а луксузната прослава се одржа на две локации, во Црна Гора и во Белград.
Фото: Принтскрин/Инстаграм