Радио Милева ноле го „распнаа“...

„Новак направи хорор шоу“ – бразилскиот тенисер Бруно Соарес и уште неколкумина други жестоко го нападнаа Ѓоковиќ заради „Адриа тур“

„Новак направи хорор шоу“ – бразилскиот тенисер Бруно Соарес и уште неколкумина други жестоко го нападнаа Ѓоковиќ заради „Адриа тур“

Бразилскиот тенисер Бруно Соарес силно ги погоди Новак Ѓоковиќ и Адрија Тур, по веста дека има луѓе заразени со вирусот корона.

„Би ја дефинирал Адрија Тур како хорор-шоу. Дури и ако сте на Северен пол, со сè што се случува во моментов во светот, не треба да одите на забави и сето тоа да го објавувате на Инстаграм. Бевме сведоци на настан во кој сите се однесуваа неодговорно, нешто што може да ги загрози другите турнири. Ѓоковиќ е претседател на Советот на играчи … Тоа е навистина комплицирано. Тој ќе ги носи сите негативни последици како индивидуа, затоа што тој организираше сè“  – изјавил Соарес.

Бразилецот не е прв, но неколку тенисери се најавија и го погодија Ноле. Само Гаске застана со него.


Останува да се види што ќе се случи со тениската сезона, но едно е сигурно, притисокот врз Ноле ќе биде уште поголем.

Во меѓувреме пристигнаа добри вести од таборот на Новак Ѓоковиќ. Имено, неговиот тренер, а и самиот некогашен светски тениски ас Горан Иванишевиќ, е негативен на корона тестот.



„Бев тестиран на Ковид 19 во Задар, резултатите се негативни, како и резултатите од тестот пред пет дена. Посакувам сите заразени да се опорават што е можно поскоро и ги повикувам сите што биле во контакт со нив да се придржуваат кон важечките препораки на здравствените професионалци“ – напишал Иванишевиќ на Инстаграм.

На резултатите од Ковид 19 тестот на Новак Ѓоковиќ, се’ уште се чека!?

Фото: Инстаграм принтскрин видео

 

To top