Славниот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори на темата хомосексуалност која во некои делови на неговата родна Србија се уште е табу тема. На прес конференција во Лондон, Ѓоковиќ меѓу другото го прашаа што мисли за спортистите кои јавно признаваат ја признаваат својата сексуална определба, а неговиот одговор изненади многумина.
-Немам ништо против тоа. Сечие преаво е да има своја сексуална определба, желба и животен правец. Јас тоа го почитувам, вели Ноле.
-Не ги гледам луѓето поинаку ако така се претстават. За мене е многу храбар потег, особено затоа што живееме во опкружување, односно одредени делови на светот кои не можат да го прифатат тоа, заклучува Ѓоковиќ.
Неговиот одговор на Твитер го сподели Ник Мек Карвел, новинар кој долги години пишува за хомосекуалноста во светот на спортот.
“I actually see that as a really courageous move.” —Novak Djokovic shares his thoughts on if a #LGBTQ player were to come out on the #ATPTour ?️?
? via @Tanis95 pic.twitter.com/Z61pvXJPXP
— Nick McCarvel (@NickMcCarvel) November 15, 2018