Радио Милева

Новак Ѓоковиќ направи „глупост“: „Очекувам сметка за штетата“ (видео)

Новак Ѓоковиќ направи „глупост“: „Очекувам сметка за штетата“ (видео)
фото:гети имиџис

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на стетот, беше доста расположен на конференција за медиумите, по победата на старот на Ролан Гарос. Откако зборуваше за техниките на играта и тоа дека е задоволен од резултатот, новинарите го прашаа што точно се случило на тренингот кога ја оштетил подлогата во салата за вежбање.

-Веројатно ќе добијам сметка. Се уште не стигнала, барем да знам, но очекувам сметка. Штетата беше прилично голема (вели низ насмевка Новак). Знаете, имам силни мускули, така што не ме чуди што направив голема дупка, се пошегува тенисрот и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

-Работев на стандардните подготовки, силно удрив на подлогата, за да го загреам гордниот дел на телото. По вториот удар слушнав само дека нешто пукна.

Дрвениот паркет под подлогата беше целосно искршен( се смее). Го поправија за еден ден. Следниот ден тоа го правев на бетон. Ја научив лекцијата, раскажува Новак пред новинарите.

Останати вести од Радио Милева