Миљана Кулиќ и Тара Симов имаа нова жестока пресметка во реалното шоу „Задруга 5“.
Имено, се шпекулира дека и двете „задругарки“ мешале алкохол и седативи, па затоа и не можеле да се контролираат. Кулиќ ја испровоцира Тара со тоа што и пријде и ја испрска со шише вода, а оваа падна на провокациите, па и возврати со тоа што веднаш и се нафрли со тупаници.
Нивниот конфликт продолжи кога Миљана доби неколку клоци во стомакот од Тара, која и оваа сезона очигледно успеа насилно „да ја оќелави“, откако Миљана и откорна неколку прамени коса.
Водителката Душица Јаковљевиќ ја извести јавноста дека продукцијата одлучила Тара и Миљана да бидат казнети.
„И дваете задругарки се казнети за тоа што се случи. Значи и Миљана и Тара се санкционирани за овој инцидент“ – изјави Душица во име на продукцијата во најгледалното регионално реално шоу „Задруга“, поточно во неговото „Задруга – специјал“ издание.
Како изгледаше женската тепачка помеѓу двете ријалити учеснички, погледнете во продолжение: