Радио Милева
две колешки

Нова „војна“ на естрадата: Гога Секулиќ се навреди од зборовите на Илда Шаулиќ и жестоко и одговори: „Знаете кој е кој“ (фото)

Нова „војна“ на естрадата: Гога Секулиќ се навреди од зборовите на Илда Шаулиќ и жестоко и одговори: „Знаете кој е кој“ (фото)

Пејачката Илда Шаулиќ неодамна изјави дека не ги знае песните на нејзината колешка Гога Секулиќ, што беше доволно за да предизвика нетрпеливост меѓу нив.

Гога во таа прилика изјави дека не верува во тоа што го напишале новинарите, но дека се уверила во вистинитоста на зборовите кога го погледнала видео клипот во кој тоа го изјавува Илда.

Сега Секулиќ го кажа своето мислење за целата ситуација:

– Не верував затоа што го познавам нејзиното семејство и дека таа воопшто не е девојка која сака да се кара и да се расправа, а потоа кога ги видов доказите ми беше чудно. Некој има право да каже дека не слушнал, не знае или не го слуша тој стил, но навистина, нема некој што не ја знае песната „Гаќице“. Мене ми беше смешно, не ја обвинував – изјавила Гога.

На прашањето дали знае некоја од песните на Илда, Гога кратко одговори:

– Јас реков дека знам една нејзина песна – рече пејачката и додаде:

– Не знам зошто луѓето се прават дека не ги знаат моите песни, кога ќе ја видам морам да ја прашам. Се знае кој е кој, секој има свое место. Зошто некој се прави дека не ги знае моите песни, мора да ги прашате – заврши таа.

Фото:Принтскрин/О.Буниќ/С.Крстиќ

Останати вести од Радио Милева