Радио Милева негова одговорност

Нова тужба за Алек Болдвин кој ја уби колешка на сет: Во сценариото немало пукање?

Нова тужба за Алек Болдвин кој ја уби колешка на сет: Во сценариото немало пукање?

Супервизорот на сценариото на вестернот Rust, Мејми Мичел, која повика полиција по пукањето на филмскиот сет во Ново Мексико, поднесе тужба против Алек Болдвин.

Во тужбата се тврди дека филмското сценарио не барало од него да пука со пиштол кога фатално ја застрелал снимателката Халина Хачинс.

Нејзиниот адвокат, Глорија Олред ја потврди тужбата против Болдвин и другите продуценти на филмот, објаснувајќи дека одговорноста за спречување на ова трагедија била и одговорност и на актерот.

Супервизорот на сценариото, Мичел во тужбата тврди дека Болдвин сам требало да провери дали пиштолот има метаци, а не да верува на тврдењата на помошниот режисер дека пиштолот бил безбеден за употреба.

-Според мое мислење, Болдвин играше руски рулет одлучувајќи да не провери да провери дали пиштолот е полн кога го земал во свои раце“ вели Олред.

Камерманката Халина Хачинс е убиена на 21 октомври.

фото:Instagram/halynahutchins, Profimedia/B4859

To top