Фелисите Томлинсон,сестрата на пејачот на славната група „One Direction“ ненадејно почина на 18 години.
Станува збор за сестрата на славниот пејач Луис Томлинсон која починала во својот стан во Лондон, како што се претпоставува, најверојатно од срцев удар.
Медиумите во Британија објавуваат дека таа е позната инфлуенсерка и сакала да стане дизајнер, а на својот Инстаграм профил ја следеле повеќе од 1.4 милиони луѓе.
Ова е втора трагедија во домот на пејачот откако во 2016 година почина неговата мајка која ја загубила тешката борба со леукемијата.
Би-Би-Си објавува дека полицијата влегла во нејзиниот стан и повикала брза помош откако претходно биле информирани дека девојката имала инфаркт.
Полицијата информира дека обдукцијата е во тек, а девојката починала на самото место.