Радио Милева повеќе од пријатели

Нова романса на повидок? Анџелина Џоли повторно уловена во друштво на „Тhe weeknd“

Нова романса на повидок? Анџелина Џоли повторно уловена во друштво на „Тhe weeknd“

Aнџелина Џоли поради Бред Пит се уште оди на судови, а нивниот развод трае од 2016 година.

Меѓутоа, многумина сега мислат дека Анџелина конечно пронашла нова љубов.

Новите гласини за љубовниот живот на Анџелина започнаа да кружат од крајот на јуни кога таа и пејачот „The weeknd“ односно Абел Маконен Тесфаје биле видени како заедно одат на вечера во луксузен хотел.

Наводно тие имале деловна вечера и разговарале за тоа како пејачот да започна филмска кариера во Холивуд.

„Тие само се пријатели, но кој знае можеби во иднина ќе има нешто повеќе. Тој не крие дека Анџелина му се допаѓа веќе подолго време“, вели извор за „The Sun“.

Парот сега повторно е виден на концерт во Лос Анџелес.

Посебните фотографии од Анџелина и „The weeknd“ осамнаа на Твитер.

Дали тие се заедно или не, пишува „Deuxmoi“.

Времето ќе покаже дали тие се заедно или не.

фото: тањуг ап/ профимедиа/ инстаграм

To top