Радио Милева

Нова несреќа за Бред Пит: На холивудскиот актер му се заканува групна тужба

Нова несреќа за Бред Пит: На холивудскиот актер му се заканува групна тужба

Фондацијата на актерот Бред Пит се соочува со тужба поради слабиот квалитет на домовите кои ги изградија во делот на Њу Орлеанс кој беше под силен удар на ураганот Катрина, пренесува АП.

Рон Остин за локална телевизија вели дека планира да поднесе групна тужба во име на станарите од населбата против фондацијата на Пит.

Иако од фондацијата ветиле дека ќе дојдат да ја поправат штетата, тие не се вратиле и не направиле ништо.

Извештајот не наведува колку луѓе се придружиле на тужбата, но повеќе од 100 домови беа изградени од фондацијата на актерот во 2008 година.

To top