Радио Милева

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ „удри“ по Милица Павловиќ, а таа не и остана должна (видео)

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ „удри“ по Милица Павловиќ, а таа не и остана должна (видео)

Сања Станковиќ на „Задруговизија“  се претстави со песната „Баја Папаја“ од Милица Павловиќ .

Рада Манојловиќ која беше дел од жирито истакна дека не забележала разлика меѓу интерпретацијата на Сања и оригиналната верзија.

„Не забележав разлика меѓу оригиналот и тебе“ истакна пејачката, а потоа се обиде да се оправда.

фото: Никола Томиќ

„Проблемот е што јас бев доле, ми ставија озвучување итд и тоа што го слушнав….Ајде сега да не се лажеме, во песната „Баја Папаја“ навистина нема пеење. Нема многу пеење и некои мелодии, за да Сања се претстави како што треба“ истакна Манојловиќ.

По овој повод се огласи и Милица Павловиќ.

фото: Никола Томиќ

„Не гледав „Задруговизија“ бидејќи сум во хаос поради проектот кој го подготвувам. Успеав да го видам настапот на Сања на Јутуб и ми е драго што ја одбра мојата песна, бидејќи има симпатичен текст, но и прекрасна порака. Добро се снајде, посебно поради тремата. Што се однесува до Рада, што и да кажала сигурно не било злонамерно и не го направила да ме навреди. Ние сме во одлични односи и нема простор за лоша енергија“ вели Павловиќ.

To top