Светски позната пејачка и актерка Ријана деновиве ја заинтригира јавноста со своите модни комбинации кои ги носи за време на бременоста, а најголемо внимание привлече приказната дека момчето ја изневерува со позната модна дизајнерка.
Сега пак седи нова дрма.
Имено, Асап Роки бил уапсен веднаш по слетувањето во Лос Анџелес. Со Ријана се враќал од Барбадос, а полицијата веднаш го пречекала на аеродром.
View this post on Instagram
Раперот наводно бил уапсен за пукање што се случило во 2021 година.
Раким Мајерс, попознат како Асап Роки, е под истрага за инцидент што се случи во ноември минатата година. Во тоа време, според полициските извештаи, преживеаниот од пукањето и рекол на полицијата дека Мајерс, придружуван од две други лица, наводно „му пришол со пиштол на улица“, додавајќи дека Мајерс го застрелал три до четири пати и верувал дека тој еден од куршумите му поминал низ неговата лева рака. „Пукањето не беше јавно пријавено пред неговото апсење.“
Ова не е прв инцидент на раперот, тој претходно во 2019 година беше обвинет дека и нанел телесни повреди на жртва во Шведска. Потоа платил парична казна.
фото:Гети имиџис/инстаграм ријана