Душан Јованчевиќ, сопругот на Тања Савиќ повторно ја обвини дека физички ги малтретира децата, синовите Максим и Ѓорѓе.
Иако, Тања ги донесе децата од Австралија и сега е нивен законски старател, Душан не пропушта прилика да ја поткачи пејачката.
Како што пишува ало.рс, Душан тврди дека Тања физички ги малтретира децата и дека наводно им забранува да се слушне со нив.
„Сега ми се јавија децата, ме разбудија бидејќи овде е четири часот наутро. Многу сум вознемирен. Тања не е дома. Ги чува нејзината сестра. Го пронашле телефонот кој им го земала. На кратко успеав да се слушнам со нив. Ми се јавија преку Вибер, но врската се прекина“, вели сопругот на Тања и додава дека наводно таа ги малтретира децата.
„Тања му ја разбила устата на Ѓоле. Ми покажа, но не успеав да фотографирам. Двајцата плачат, се затворија во соба“, тврди Душан во пораките кои ги испратил до ало.рс
Од друга страна, Тања воопшто не е изненадена од однесувањето на сопругот и како што вели тој со години се труди да ја претстави како лоша мајка.
„Воопшто не сакам да се валкам со него во калта. Немам коментар, што и да кажам тоа ќе биде шпанска серија“, вели пејачката и додава:
„Нема повеќе да демантирам затоа што тоа изгледа како да се оправдувам, а од друга страна колку повеќе негираш, еден дел од публиката ќе помисли дека тој е во право. Душан разочарувачки бара популарност, па за да дојде до тоа не бира средства. Јас нема да учествувам во тоа, а нема да допуштам децата да учествуваат“, вели тој.
фото: М.Милиќ/рас србија/р.ристиќ/оливер буниќ