Радио Милева За поддршка - засекогаш затворени врати“

Нова драма го тресе „Гранд“: По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, нејзините колеги сакале да го напуштат музичкото шоу!

Нова драма го тресе „Гранд“: По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, нејзините колеги сакале да го напуштат музичкото шоу!

Во регионалните медиуми се уште главна тема е дисквалификацијата на Вања Кнежвиќ која беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, меѓу учесниците владее незадоволство и разочарување по исфрлувањето на кандидатка. Наводно, учесниците кои се под менторство на Марија Шерифовиќ сакале да го напуштат шоуто.

фото: принтскрин

Како што пишува Курир.рс, кандидатите меѓу себе кренале врева, а Марија му пренела на Поповиќ дека нејзините кандидати сакаат да го напуштат музичкото шоу.

Меѓутоа, наводно Поповиќ веднаш имал одговор на тоа дека не треба да ги интеренсира случајот на Вања и дека треба да си ја гледат својата кариера. Исто така им било кажано доколку ги напуштат „Ѕвездите на Гранд“, никогаш повеќе нема да може да се пријават во музичкото шоу.

Кандидатите по разговор со Марија Шерифовиќ одлучиле да останат во „Гранд“.

фото: принтскрин

По тој повод се огласи и Вања Кнежевиќ.

„Не се слушнав со колегите, но мислам дека не треба да се откажат од натпреварувањето, туку да останат. Сепак, станува збор за две години натпреварување и не треба да се откажат поради сопствениот труд и се што постигнале. Не треба да се прават додатни проблеми, треба да се смири ситуацијата. Можеби се разочарани, но знам колку вложија во својот труд и не би сакала заради мене да го напуштат својот сон. Им благодарам на поддршката и им посакувам среќа во натпреварувањето“, вели Вања.

фото: стар

ПР службата на Гранд продукција се огласи и истакна дека веќе дале едно соопштение, доколку има потреба ќе објават уште едно, но засега нема да се огласуваат.

To top