Радио Милева

Нова акција на Спејко во „Задруга“: Дарко и Тара „се смуваа“, па пред „задругарите“ ја обелоденија својата врска (видео)

Нова акција на Спејко во „Задруга“: Дарко и Тара „се смуваа“, па пред „задругарите“ ја обелоденија својата врска (видео)

Во третата сезона на реалното шоу „Задруга 3“ влезе и кумановецот Дарко Спејко.

Како искусен во ваквите формати на реални шоуа, Дарко веднаш се покажа дека умее добро да се забавува особено навечер – во кревет.

Тој уште на старт им „фрли око“ на неколку учеснички ама во неговиот кревет не заврши ниту една од нив, туку Тара Симов која му го фрли меракот на нашиот Спејко.

Во првите денови откако Дарко влезе во „Задруга“, Тара го прошета Дарко низ дворот на „Задруга“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tara-sama-si-go-bara-spejko-samo-shto-vleze-vo-zadruga-vekje-imashe-vlazna-nokj-vo-krevet-video/

Па така, откако добро се забавуваа, Спејко и Тара завршија заедно во кревет, а по многу галење, мазење и гушкање, засега завршија само со бакнеж.

Меѓутоа, по забавата која е одржена по повод роденденот на Марко, Тара и Дарко осамнаа заедно во дворот на Задруга каде што разменија нежности.

Двајцата прво разговараа, а потоа почнаа страсно да се бакнуваат.

https://youtu.be/VvZWXrNSa5g

Потоа во текот на емисијата „Гледање снимка“ водителот Милан Милошевиќ ги замоли „задругарите“ да ги прокоментираат најновите случувања во „Задруга“, а тоа беше дека се смувале Дарко и Тара.

„Пред една недела реков дека имам симпатии кон Тара, денес се смувавме и тоа е тоа“ изјави Спејко.

Задругарите започнаа да им честитаат и да аплуадираат и да прашуваат кога ќе биде свадбата.

„Ме фати на фора, наводно дека ја боли заб, а јас да бакнам за да и помине“ истакна Спејко.

Како ќе се одвива нивната романса останува да видиме.

За потсетување, Дарко Спејко и додека учествуваше во „Големиот брат“ каде победи, тој беше во врска со учесничката Тина Шегетин, врска која заврши нешто подоцна по крајот на шоуто.

фото: Принтскрин/јутуб
To top