Радио Милева
бракокршачка

Нов скандал: Киа Коцкар му ја растури веридбата на српскиот рапер? (ФОТО)

Нов скандал: Киа Коцкар му ја растури веридбата на српскиот рапер? (ФОТО)

Победничката на реалното шоу „Задруга“, Kиа Коцкар и познатиот рапер се блиски, и се повеќе за нив се зборува по естрадните кулоари.

Кристина Киа Коцкар и Вук Моб беа видени во еден клуб во Шабац минатата недела, каде што пејачот настапил.

Таа го чекала раперот да го заврши својот настап,  а потоа, според медиумите, со ист автомобил се вратиле во Белград.Не би било изненадување ако Вук не бил верен со својата партнерка Билјана Савиќ. Биле пред брак, се забавувале две години и Вук пред неколку месеци и купил веренички прстен но… на крајот, сепак, се раздвоиле.

Сега веќе поранешната девојка на Вук, одлучила да проговори за ситуацијата во која се најде, пренесува српски Блиц.

„Јас искрено, не знам дали Вук и Киа се заедно, а и не ме интересира.Факт е дека ние, Вук и јас ја раскинавме веридбата пред десеттина дена, и дали тој е со Киа,  ќе дознаете најдобро ако го прашате него“ – изјави Билјана за „Свет“ и го откри своето мислење за Киа:

„Ми беше симпатична, Вук ми рече дека би било одлично да ја покани во некој негов спот. Му реков, “Зошто само во спот, кога можеш да направиш и дует?”. Ја видов и слушнав дека пее, не беше глува и неталентирана. Еве, сега и ова го дочекав. Знаете како, сè се случува со причина, јас на обајцата им посакувам среќа. Јас не патам, јас не сум жена која тагува, ама сепак сум сум разочарана и тоа како разочарана… И секој, нормално дека би бил да е на мое место. Верував дека нашата љубов ќе биде вистинска и дека засекогаш ќе останеме заедно“ – завршува Билјана.

Киа и Вук објавија пак,  фотографии и видео на своите Инстаграм приказни од иста тераса, на кое се гледа дека седат на исти столчиња.

Тоа дополнително ги  поттикна приказните дека се во врска.

Вук потоа потврди дека ја растурир веридбата, но подвлекол дека победничката на „Задруга“ нема никаква врска со тоа!

Фото: Горан Срданов/ Весна Лалиќ/РАС Србија

Останати вести од Радио Милева