Против американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан поднесена е тужба од страна на седум нејзини вработени поради лоши услови за работа.
Имено, поранешните нејзини соработни и нејзиниот градинар кои работеле во вилата вредна 60 милиони долари ја обвинија Ким за лоши услови за работа.
Незадоволните вработени бараат финасиски да им надомести тоа што со години го трепеле нејзиното однесување.
Според тужбата која е поднесена во понеделник во Лос Анџелес вработените тврдат дека Кардашијан доцнила со плата, одбивала да им плаќа прекувремена работа, а понекогаш ти принудувала да работат без пауза.
Исто така, еден 16 годишен вели дека 48 часа работел без пауза и поради тоа ги прекршила законите.
По тој повод, се огласи и ПР служабата на Кардашијан.
„Овие вработени се вработени преку агенција која Ким ја ангажираше. Ким не е одговорна за начинот на кој агенцијата управува со вработувањето и за договорите кои ги склучуваат со нивните вработени“, велат претставниците за медиуми.