Радио Милева „Уловени“

Нов пар во светот на познатите: Ирина Шајк преноќи кај Том Брејди и утрото си замина во истата облека (фото)

Нов пар во светот на познатите: Ирина Шајк преноќи кај Том Брејди и утрото си замина во истата облека (фото)

Живата легенда на американскиот фудбал и една од најубавите жени на светот ја поминале ноќта заедно, тврдат од „NY Post“, кои воедно објавиле и фотографии од Шајк како излегувала од куќата на Том Брејди.

Како што пишува овој портал, Ирина била видена како влегува во домот на спортистот во вечерните часови, а истиот го напуштила дури следниот ден во 9:30 часот.

Таа била фотографирана во истата облека што ја носела претходната вечер, а двајцата биле забележани како се смешкаат и разговараат додека заедно влегувале во сивиот Ролс Ројс на Брејди.

Папараците го „уловиле“ и моментот кога Брејди во автомобилот ја галел манекенката по образот.

Наводниот пар првпат бил поврзан во јуни оваа година, откако присуствувале на свадбата на нивните заеднички пријатели Џо Намадо и Медисон Хедрик, на Сардинија.

Тогаш се пишуваше дека „жешката“ Русинка покажала интерес за НФЛ ѕвездата – толку многу, што давала сè од себеси за да го заведе.

Меѓутоа, добро упатените велат дека овој обид на манекенката бил неуспешен, како и тоа дека нејзината „потера“ по Брејди била една од главните теми на овој луксузен собир.

Згора на тоа, спортистот наводно отсечно кажал на одреден пријател на свадбата дека „не е заинтересиран за Ирина“, но дека се спријателиле.

Откако се појавиле овие озборувања, медиумскиот претставник на Ирина демантирал сè. „Оваа приказна е потполна измислица“, изјавила Шери Баун, ПР на познатата манекенка. „Тотално злонамерно“.

Да потсетиме, Том Брејди се разведе од бразилската манекенка Жизел по 12 години љубов и брак во кој добија две деца, а оттогаш медиумите го поврзувале со актерката Рис Витерспун и реалити ѕвездата Ким Кардашијан, иако не постоеле докази дека навистина се гледале.

Што се однесува до Ирина Шајк, по долгата врска и веридба со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, таа беше во љубов со холивудскиот актер Бредли Купер – со кого ја има ќерката Леа де Сена.

фото:Twitter

To top