Радио Милева реално насилство?

Нов карамбол во „Задруга 4“: Тара Симов брутално ја грабна за коса Драгана, па крвнички ја скубеше (ВИДЕО)

Нов карамбол во „Задруга 4“: Тара Симов брутално ја грабна за коса Драгана, па крвнички ја скубеше (ВИДЕО)

Новата сезона на реалното шоу „Задруга 4“ се претвора во ринг… Во арена за жестоки лични пресметки со можни психофизички последици за некои од учесниците.

Така, нов карамбол се случи претходната вечер.

Откако претходно беше прозвана, Тара Симов лута влета во собата за рехабилитација и без предупредување физички ја нападна Драгана Митровиќ.

Имено, Драгана ја нарече прељубничка, по што на  Симов и „пукна филмот“.

Што рече за мене, како ме нарекуваше? – ја праша Тара, во исто време напаѓајќи ја Драгана. Најпрвин силно ја турна од зад грб, па брутално  ја грабна за долгата коса, скубејќи ја толку силно што Драгана врескаше од болка.

„Ти си еден олош.. Што чекате, дисквалификувајте ја. не може секој ден да ме шамара и кубе за коса по половина час…“ – викаше низ солзи Драгана, додека Таракрвнички  ја кубеше, а останатите се обидуваа да ја наговорат да и ја пушти коста. Потоа влезе обезбедувањето и некако ги раздели.

Погледнете го видеото:

To top