Радио Милева

Со емотивна симболика: Омилениот цвет на принцезата Дијана крие посебна тајна (фото) 

Со емотивна симболика: Омилениот цвет на принцезата Дијана крие посебна тајна (фото) 

Принцезата Дијана особено сакаше еден посебен цвет, кој не е типичен за принцеза.

Принцезата  и денес важи за една од најомилените членови на британското кралско семејство, а важеше за „жена на народот“, која секогаш беше скромна и со нозете стоеше цврсто на земјата.

Нејзиниот син Хари и снаата Меган Маркл ја почестиле со трогателен гест на нивната венчавка, на што укажал бидермаерот што невестата го носела до олтарот.

Тој содржеше крин , јасмин, но и цветот што Дијана најмногу го сакаше – не заборавај ме, анг. „Forget-me-not“.

Како што пишуваат странските медиуми, необично е да биде омилен цвет на принцезата. Ниту е особено ценет, ниту редок, но затоа е издржлив и отпорен и обично се користи за пополнување на просторот на градината меѓу полуксузните цвеќиња.

Меѓутоа, во британското кралско семејство овој цвет има посебен статус, а Хари обожава на овој начин да ја почести својата покојна мајка.

На годишнината од смртта на Дијана пред неколку години, Хари и Меган им помогнаа на децата да засадат цвеќиња, вклучувајќи и „незаборавај ме“. Не случајно тоа е нејзиниот омилен цвет.

Имено, Дијана била маѓепсана од тоа кога нејзиниот помлад брат Ерл Спенсер и го подарил.

Нејзиниот гроб на имотот во Нортемптоншир е украсен со не заборавај ме и рози. Се верува дека овој цвет ја симболизира врската помеѓу Дијана и нејзиниот брат Ерл Спенсер.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Пинтерес

To top