Сите се трудиме на поопуштен, продуктивен, релаксиран начин да ги поминеме деновите во изолација иако можеби седењето во четири ѕида не ни е навика и секојдневие.
Сите бараме различен начини како да не мислиме на тоа дека сме во изолација и се трудиме да ги почитуваме мерките за заштита.
Јавните личности од регионот и од светот се пример за почитување на препораките, па времето го минуваат во своите огромни и лускузни вили, станови.
Некогашната македонска пејачка Ноне Неделковска која веќе неколку години не е дел од музичката сцена и работи на брод, за време на пандемијата се врати во родниот Велес.
Таа деновите ги минува заедно со семејството, но и со своите миленичиња, а на социјалните мрежи знае да се пофали што прави додека е дома.
И додека повеќето од познатите времето го минуваат во гледање на филмови, готвење, правење на нови композиции или држење на концерти од своите тераси, Ноне во изолација си најде поинтересена занимација.
Имено, Неделковска ја искористи својата имагинација и креативност и се фрли на работа односно на бојадисување и цртање на камења.
Ноне некои камења ги боеше во бои, а на некои само нацрта по некој симбол, но како и да е креативноста и е на највисоко ниво.
Со крајниот резултат таа се пофали на социјалните мрежи, а веруваме дека добила многу позитивни коментари за оваа нејзина вештина.