Радио Милева празнична еротика и затворска егзотика

Ноне тргна кон локалниот угостителски локал, а заврши во затвор… поточно во неговиот ресторан!? (ВИДЕО)

Ноне тргна кон локалниот угостителски локал, а заврши во затвор… поточно во неговиот ресторан!? (ВИДЕО)

Велешката морепловка, бившпта пејачка Ноне Неделковска работата ја одведе на нова егзотична дестинација – Занзибар… Еден од најфасцинантните острови на крајбрежјето на Танзанија. Познат како родно место на единствениот Фреди Меркјури, а последниве години една од најбараните туристички дестинации на светот.

Последниот ден во старата 2023-та година Ноне го помина во бикини. Испружена на широката песочна плажа, со дедомразовско капче и темни очила за сонце,  во дводелен костим за капање на летно уживање во последниот ден од декември!

Човек да и позавиди… И на егзотиката и на еротиката со која ги почести своите машки обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, на кои ги сподели возбудливите кадри олицитворени во убавините на локацијата на која престојубва, но и на нејзиниот телесен раскош.

И сето тоа спакувано во еден „новогодишен кош“ од подвижни слики, за сеќавања и убави спомени во некои идни прилики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

А приликата да го разгледа островот пред, за време и непосредно по новогодишните празници Ноне никако не ја пропушти. Прошетките по прекрасните широки плажи под сенките на зелените разгранети дрвја, на кои златните зрна песок се слеале синиот океански бескрај и даваат друга димензија на егзотичната убавина.

Возењето со старите локални чунови по окенаското синило е доплнително непроценливо…

А средбата со џиновските, копнени многулетни желки, белким е замена за емпатијата која велешката морепловка ја има кон животните што ги чува дома во вид на куќни миленичиња.

И кога опиена од сета таа убавина, Ноне си посака малку оддишка во ресторан ,за малку што не ја заплисна студен бран на жешкото сонце.

Зашто велешанката тргна кон локалниот угостителски локал, поточно кон неговиот двор, а веќе во следниот миг се најде пред вратите на затвор!

Збунета, но не и уплашена, малечката сирена влезе во  локалот кој ниту оддалеку не наликуваше на она што пишува на влезот, па велешанката побара образложение каде тоа се наоѓа и зошто ова место така се вика? И дали ќе биде притворена без причина или  брзо и квалитетно услужена?

Одоговорот стигна веднаш заедно со нарачката, па велешката морепловка, сега за искуство побогата, на својот Фејсбук веднаш ја сподели оваа сторија за „Затворскиот ресторан“ и неговата историја.

„Го посетив затворскиот остров на кој не ми пречи да бидам затвореник барем еден месец. На островот всушност не беа изградени затворски институции, туку станаа карантинска станица за случаи на жолта треска. Сега е само голема атракција за туристите и секако светилиштето на џиновските желки Алдабра, кои всушност беа подарок од Сејшелите“ – запишала Ноне во својот „морски дневник“ кој еден ден кога со сите океански авантури ќе заврши, би требала да го објави.

Фото и видео: Facebook & Instagram/nona.nedelkovska

To top