Радио Милева поголема

Ноне порасна: Од џебна венера, до нозе „уз врат“!? (ФОТО)

Ноне порасна: Од џебна венера, до нозе „уз врат“!? (ФОТО)

Ноне по повеќе од половина деценија, се’ уште го крстари светот. Некогашната македонската пејачка, и натаму работи на големите прекуокеански крузери, со кои патува низ светот и ги посетува најегзотичните дестинации.

Ретко доаѓа дома, во родниот Велес, зашто работата и работното време на прекуокенски брод не се мери на часовник, туку се гледа на календар. Патем и крузерите при своето крстосување по океаните и морињата, знаат да се укотват, за да надополнат гориво, храна, суровини и разни други потребштини за патниците…

Тогаш за вработените е „рај“ – време за малку одмор или забава на копно! Така, Ноне го искористи застанаувањето во едно од  пристаништата на Пиринејскиот полуостров, за малку да се прошета и да го почувствува тлото под нозете, па тоа го овековечи со фотографија. А, кога сме веќе кај нозете, ако добро ја погледнете и проанализирате фотографијата ќе забележите дека на неа „најпрошетаната велешанка“ изгледа поголема, повисока, порасната… Џепната венера наеднаш со „нозе уз врат“… Како манекенка!

Да точно, е… нема фотошоп. Ноне порасна… и созреа. И како личност и како човек. Сега е Нона Бони, со завидна биографија и места и светски дестинации што ги посетила, што цел Велес заедно ги нема посетено.

А фотографијата… е само оптичка фотоилузија. Некогашната пејачка повисока во вертикала, меѓу паралелни линии! Ама, иако е само фотоилузија, во неа има голема симболика: Нона помеѓу двата паралелни света… Оној, на пејачка во Македонија и овој, на крстосувач по светот… Од нив, кога се’ ќе заврши, Нона и буквално ќе излезе… поголема! Многу, многу поголема… каде и да реши да продолжи да живее!

To top