Нона Неделковска попозната како Ноне, некогашната многу популарна македонска поп пејачка која „преку ноќ“ ја прекина кариерата и замина да работи во белиот свет. Или поточно да го пропатува „долж и попреку“, со својата работа на прекуокеанските крузери каде професијата воопшто не и е музичка.
Сепак убава и уносна, зашто случајно или не, Ноне стана „најшетаната велешанка“, а можеби и најшетаната од естрадата која по силата на нештата го споила убавото и корисното, иако тоа не е музиката на која толку и беше предадена пред да замине на „работна пловидба“ преку седум мориња и океани.
Сепак она што покрај талентот и убавината отсекогаш ја красело: добрината, скромноста, искреноста, отвореноста, емпатијата… и уште грст доблести, кои за жал секој не може да ги разбере, ама атоа многумина и тоа како можат да ги зоупотребат. Иако откако замина Ноне не сака ниту да слушне за враќање на естрадата, ниту пак сака да зборува јавно за себе појавувајќи се во било какви медиуми со свои изјави, сепак на социјалните мрежи „малечката сирена“ направи исклучок. Преседан кој и ка отвори душата па „џепната венера“ одговараше на прашања, која самата побара да и ги поставуваат.
Ноне ја прашаа како се чувствувала кога прв пат стапнала и како што почнала да работи на брод, а таа им одговри:
„Тоа беше во 2012 година, Шарм Ел Шеик – Египат… Работев во продавницата за подароци, како специјалист за разубавување (козметика). беше тоа мијата најдобра година“ – се пристеи велешнката.
Веднаш потоа следуваше и прашање на кој крузер работи во моментов?
„Принцес“ (Принцеза)“ – кусо возврати екс пејачката покажувајќи фотографија од дел од палубата.
Кога ќе дојдеш повторно во Велес, оваа година те видов, но не успеав да те поздравам?!“ – ја праша еден нејзин сограѓанин, а Ноне споделувајќи фотографија од родниот град му одговори дека ќе се видат дури во 2024 година, зашто до Нова Година, нема да доаѓа во Македонија.
Потоа тргнаа личните прашања, на кои велешката морепловка исто така не ги штедеше одговорите, напротив…
– Мислам дека си предобра и искрена личност. Многу сакам да те запознаам, посака нејзин/а обожавател/ка.
„Добро мислиш. Можеби некогаш ќе се сретнеме“ – му возврати надеж Ноне.
Комплиментите продолжија да пристигаат и само во вид на констатации без прашања…
Особено кога комплиментите ќе дојдат од женска личност, е тогаша се уште послатки и Ноне ја правата уште посреќна.
А покрај комплиментите тука беа и љубовно – брачните понуди… До душа со извесни „пречки“, како онаа дали би си дозволила да биде освоена од помладо момче на што велешката убавица без размислување одговори:
„Годините се само бројка“! Па сега ти види, дали Ноне може да ти биде девојка?!
Брачната понуда пак, „кажана со половина уста“, зашто понудувачот, кој патем не е единствен, покрај себе веќе има… поубава половина! Затоа таков беше и одговорот на екс пејачката:
„Ех, не си единствен… Ама чувај си ја жената“!
Оној вториот брачен понудувач баеги подиректен од прва си ја кажа желбата: „Ноне, биди ми жена“! Ама Ноне од прва и го стави во недоумица, зашто меѓудругото кај неа во понудата, очигледно важна улога играат и сантиметрите, односно колкава ти е големината… Кога се работи за височината:
Конечно, едно од најпоставуваните прашања за некогашната македонска пејачка, го доби и најпосакуваниот одговор. Ноне Неделковска најави дека се враќа на сцената, ама само под еден услов – ако сними дует со овој наш пејач, чиј музички кам-бек сите со душа го очекуваат.
Ноне и Врчак во дует? Зошто да не? Познавајќи ги, хитот е однапред сигурен, а колку долго обајцата ги нема на естрадната сцена, популарноста кај публиката однапред загарантирана, па и повеќе од тоа… Можеби е згодна прилика догодина, на следниот „Макфест 2024“?
Фото: Инстаграм/ nona.nedelkovska