Нова година наближува, насекаде во светот ама не и во Македонија… Или барем така тоа изгледа, односно таква е атмосферата… Тмурна, некако сива, па дури и траорна, како да не е предновогодишна?! Почнувајќи од престолнината , па се до другите градови, со ретки исклучоци… И кога е китењето во прашање, а за сите придружни активности и шопинг манијата и да не зборуваме, зашто неа и да сакаме ја нема, на ваква сиромаштија.
Затоа многумина од нас, оние барем кои можат тоа да си го дозволат се решаваат за новогодишен викенд надвор од Македонија, некаде по Европа. Чисто за да ја почувствуваат предновогодишната магија, да ја осетат еуфоријта, расположението, атмосферата, таа неподнослива убавина на предновогодишната и божиќна бајка, бегајќи од уште понеподносливата апатија на сивилото и безнадежноста во која за жал, живееме овде, дома.
Така, секој што може, според можностите и длабочината на џебот, „фаќа џаде“ на средба со Дедо Мраз некаде по светот… Некој со автомобил, други со автобус, трети со воз, а некои и со авион… Меѓу сите нив на таков чекор се одлучи и таа, зашто најшетаната велешанка не може долго без авантура. Особено не без ваква, зимска, бајковита, предновогодишна, па затоа Ноне Неделковска се качи во авион и одлета.
И тука не би било ништо чудно, да не е фотографијата која пред летот ја споделила… А на неа само таа и стјуердесите во авионот…
Целиот празен, само за неа… Небаре е Карлеуша или некоја светска поп ѕвезда на приватен лет!
Зошто и како – Ноне не објасни, ама затоа велешката „Палешка“ покажа каде (от)патува(ла)…
Во светот на бајките или ако повеќе сакате, во земјата на чудата!
Така барем изгледа амбиенот и атмосферата која Ноне ја споделила од Хамбург – Германија и нивниот божиќен маркет, каде центарот на градот е претворен во вистинска новогодишна бајка.
Да „се смрзнеш“ од убавина… И Ноне… „се смрзна“!
Иако не објасни дали е ова само нејзина предновогодишна викенд проштека заради задоволство или последната копнена дестинација во Европа на чие познато пристаниште „распената морепловка“ одново ќе се качи на еден од големите прекуокеански крузери за да работи и патува низ светот?!
Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska