Радио Милева Селфи идеја

Ноне има визија… како треба да се преговара со Грција за името: Тие ни го прекрстија автопатот, ние ним пристаништето! (ФОТО)! (ФОТО)

Ноне има визија… како треба да се преговара со Грција за името: Тие ни го прекрстија автопатот, ние ним пристаништето! (ФОТО)! (ФОТО)

Македонската поп пејачка Ноне Неделковска не само што го крстари светот работејќи на големите прекуокеански крузери, па најпрошетаната велешанка дојде на идеја како да се вклучи во дипломатска мисија во преговорите за името.

Фотографирана на непозната локација, на терасата под грчките знамиња, веќе почнала да преговара… Другата страна загрижена, а неа од насмевката очигледно и се гледа дека прелиминарните преговори добро и одат. Веројатно во наша полза. Ама прашање е што е и каков е предлогот? Прекуокеанскиот „дипломат“ и за тоа има одговор… и решение!

Решението се вика: промена за промена! Или што би рекле по нашки: „Танте за кукурику“! Во дипломатски превод тоа би значело на секој нивни предлог за промена, ние со наш предлог за нивна промена.

И бидејќи првата отстапка во преговорите ние веќе ја направивме, па автопатот „Александар Македонски“ го прекрстивме во автопат „Пријателство“, на ред се Грците. Ако немаат идеја, нашиот поморски дипломат Ноне – има! И идеја и голема „визија“!

Како светски поморец, Ноне даде предлог да им го прекрстиме најголемото пристаниште – „Пиреа“! Отсега наместо „Пиреја“ да се вика, да се вика, да се вика…

Па откако си направи едно селфи и го погледна, на Ноне и текна: Да се вика „Визија“! Или како што се пишува на грчки:  βυζιά (визија)! Може и „голема визија“ ( μεγάλα βυζιά)!  Оти се работи за големо пристаниште, нели?!

И додека сите се прашуваа од каде ли и е генијалната идеја, нам ни текна да го прашаме „чичко Гугл“ (Google)… да ни преведе. Чисто онака, колку да ни е појасно. И еве што ни откри:

Ама, чекајте, малку…  „нашата визија“ и „грчката визија“ очигледно не биле исти. Ајде, си рековме, да не сме утнале нешто, па да го прашаме уште еднаш „чичко Гугл“, како тоа се пишува и изговара по грчки, „голема визија“?  И еве што ни кажа:

Голема визија на грчки да ти се викала „мегали ораси“ (мεγάλη όραση)!?  Добро е, ама пак не е добро! Не може!

Како „мегали ораси“, кога не се ораси! Добро, дека се „мегали“, т.е. големи – се’! Ама ораси?  Како ораси, кога многу повеќе се… лубеници!!?

 

To top